ветар
Значење на ветар:
1. Струење на воздухот во атмосферата предизвикано од разликата во температурата на воздушните слоеви или од разликата во притисокот. Дува ветар. Северен ветар.
2. (разг.) Воздух. Ќе излезам да ме фати ветар.
3. (прен.) Правец, струја, во политиката и др. Тие беа зафатени од оној ветар во политиката кој нудеше поголема слобода.
Множина: ветрови.
Членувана форма: ветерот, ветрот .
Алтернативно: ветер
Изведени зборови:
- ветерчок, и. ср. , ветре, , ветрец дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Црвен ветар ‒ (мед.) заразно заболување на кожата. Зборува на ветар ‒ залудно, напразно. Ветар работа ‒ несериозна, несигурна. Ветар го вее ‒ несериозен човек, ветрогон. Кој ветар го довеа? ‒ Од каде, што го натера да дојде (за тој што е непожелен). Се врти како што дува ветрот ‒ постапува непринципиелно, се предава на околностите. Ветар и магла ‒ несериозно, несигурно, безвредно. Ветар фати, ветар пушти – безвредна, бескорисна работа.
Оригинални податоци:
ветар, ветрот и ветер, ветерот, мн. ветрови м. 1. Струење на воздухот во атмосферата предизвикано од разликата во температурата на воздушните слоеви или од разликата во притисокот. Дува ветар. Северен ветар. 2. (разг.) Воздух. Ќе излезам да ме фати ветар. 3. (прен.) Правец, струја, во политиката и др. Тие беа зафатени од оној ветар во политиката кој нудеше поголема слобода. ◊ Црвен ветар ‒ (мед.) заразно заболување на кожата. Зборува на ветар ‒ залудно, напразно. Ветар работа ‒ несериозна, несигурна. Ветар го вее ‒ несериозен човек, ветрогон. Кој ветар го довеа? ‒ Од каде, што го натера да дојде (за тој што е непожелен). Се врти како што дува ветрот ‒ постапува непринципиелно, се предава на околностите. Ветар и магла ‒ несериозно, несигурно, безвредно. Ветар фати, ветар пушти – безвредна, бескорисна работа. ǁ ветерчок ср., ветре, мн. ветриња ср., ветрец ср. дем.