вети
Значење на вети:
1. Даде збор, се задолжи дека ќе исполни нешто. Тој им вети на децата дека ќе им купи учебници.
2. Даде завет, заветува некого или нешто. Татко ми ме вети на манастирот Прилепец.
Коњугација: ветат.
Изведени зборови:
- ветување, глаг. им. ср. мн. ветувања -- веќавање, мн. веќавања Празни ветувања.
- ветувач, и. м.
- се ~ вети, Се заветува некому или на нешто. Јас сум се ветил на манастирот. Ние сме ѝ се ветиле на татковината.
- (се) ветува, глаг. несв. (се) ветуваат -- (се) веќава, (се) веќаваат
Оригинални податоци:
вети, ветат св. 1. Даде збор, се задолжи дека ќе исполни нешто. Тој им вети на децата дека ќе им купи учебници. 2. Даде завет, заветува некого или нешто. Татко ми ме вети на манастирот Прилепец. ● се ~ Се заветува некому или на нешто. Јас сум се ветил на манастирот. Ние сме ѝ се ветиле на татковината. ǁ (се) ветува, (се) ветуваат / (се) веќава, (се) веќаваат несв. ǁ глаг им. ветување, мн. ветувања / веќавање, мн. веќавања ср. Празни ветувања. ǁ ветувач, мн. ветувачи м.