ветрее

Глагол, несвршен

Значење на ветрее:

1. За течност ‒ испарува и ги губи своите карактеристични својства. Виното во лошо затворените шишиња полека ветреело.

2. За облека, постелнина, просторија ‒ изложува на свеж, на чист воздух. Во деновите на викендот таа ја ветрее постелнината. Тој ја ветрее собата секој ден за да излезе чадот од цигарите.

Коњугација: ветреав , ветреаја , ветреал , ветреан, ветреат , ветреев , ветрееја , ветреејќи , ветреел , ветреен , ветреј , ветрејте .

Изведени зборови:

  • ветреење, глаг. им. ср. ветреење / ветрење
  • се ~ ветрее, 1. Се проветрува, се освежува. Облеката се ветрееше надвор на ветрот. 2. (прен.) Умствено слабее, опаѓа. Стариот од ден на ден сè повеќе се ветрееше.

Оригинални податоци:

ветрее, ветреат; ветреј, ветрејте; ветреев, ветрееја; ветреел; ветреен; ветреејќи; мин. св. ветреав, ветреаја; ветреал; ветреан несв. 1. За течност ‒ испарува и ги губи своите карактеристични својства. Виното во лошо затворените шишиња полека ветреело. 2. За облека, постелнина, просторија ‒ изложува на свеж, на чист воздух. Во деновите на викендот таа ја ветрее постелнината. Тој ја ветрее собата секој ден за да излезе чадот од цигарите. ● се ~ 1. Се проветрува, се освежува. Облеката се ветрееше надвор на ветрот. 2. (прен.) Умствено слабее, опаѓа. Стариот од ден на ден сè повеќе се ветрееше. ǁ глаг. им. ветреење / ветрење ср.