вез
Значење на вез:
1. Украсна извезена шара на ткаенина или на некој друг предмет. Народен вез. Едноставен вез од црвено и црно. Богат вез.
2. Везење, изработка на шари на ткаенината. Нејзината рака го владееше префинетото мајсторство на ситниот вез.
3. Платно што се везе, што е извезено. Бабата ги остави везовите и тргна кон вратата. Од Загреб се набавуваа везови врз брокат.
Множина: везови.
Оригинални податоци:
вез, мн. везови м. 1. Украсна извезена шара на ткаенина или на некој друг предмет. Народен вез. Едноставен вез од црвено и црно. Богат вез. 2. Везење, изработка на шари на ткаенината. Нејзината рака го владееше префинетото мајсторство на ситниот вез. 3. Платно што се везе, што е извезено. Бабата ги остави везовите и тргна кон вратата. Од Загреб се набавуваа везови врз брокат.