вежба

Именка, женски род

Значење на вежба:

1. Повторување на некое дејство заради физичко или интелектуално усовршување. Во неделата имавме гимнастичка вежба пред народот.

2. Наставна единица за добивање практично умеење, вештина по теориски пренесено, усвоено знаење. Вежби по физика.

3. Повремено вршење на воена должност од страна на воен обврзник. Го зедоа вежба.

Множина: вежби.

Оригинални податоци:

вежба, мн. вежби ж. 1. Повторување на некое дејство заради физичко или интелектуално усовршување. Во неделата имавме гимнастичка вежба пред народот. 2. Наставна единица за добивање практично умеење, вештина по теориски пренесено, усвоено знаење. Вежби по физика. 3. Повремено вршење на воена должност од страна на воен обврзник. Го зедоа вежба.