вгнезди се
Значење на вгнезди се:
1. Свие гнездо. Јато диви гулаби се вгнездиле во карпите.
2. (прен.) Заземе место, се намести. Куќата се беше вгнездила помеѓу јаболкниците.
3. (прен.) Се вовлече, се вреже. Неизвесност се вгнезди во секој од нас. Мене во срцето ми се вгнезди жал.
Коњугација: се вгнездат.
Изведени зборови:
- вгнездување, глаг. им. ср.
- (се) вгнездува, глаг. несв. (се) вгнездуваат
Оригинални податоци:
вгнезди се, се вгнездат св. 1. Свие гнездо. Јато диви гулаби се вгнездиле во карпите. 2. (прен.) Заземе место, се намести. Куќата се беше вгнездила помеѓу јаболкниците. 3. (прен.) Се вовлече, се вреже. Неизвесност се вгнезди во секој од нас. Мене во срцето ми се вгнезди жал. ǁ (се) вгнездува, (се) вгнездуваат несв. ǁ глаг. им. вгнездување ср.