вгори се
Значење на вгори се:
1. Се вцрви, поцрвене (од сонце, оган). Силниот оган му го вгори лицето. Сиот се вгори во лицето.
2. (прен.) Се загрее, зоврие. Во жилите шумеше вгорената крв од работењето.
Коњугација: се вгорат.
Изведени зборови:
- вгорување, глаг. им. ср.
- (се) вгорува, глаг. несв. (се) вгоруваат
Оригинални податоци:
вгори се, се вгорат св. 1. Се вцрви, поцрвене (од сонце, оган). Силниот оган му го вгори лицето. Сиот се вгори во лицето. 2. (прен.) Се загрее, зоврие. Во жилите шумеше вгорената крв од работењето. ǁ (се) вгорува, (се) вгоруваат несв. ǁ глаг. им. вгорување ср.