вгради

Глагол, свршен

Значење на вгради:

1. Постави трајно, вклопи на соодветно место дел од мебел, елемент од конструкција и сл. Вграден плакар.

2. Употреби, вѕида како градежен материјал при градба. Во ѕидовите на новата куќа вградија систем за вода и топлина.

3. (прен.) Внесе, вклучи нешто во составот, во содржината на текст и др. Добрите решенија треба да ги вградат во новиот закон.

Коњугација: вградат.

Изведени зборови:

  • вградување, глаг. им. ср.
  • се ~ вгради, Остави белег, траг од својата личност, творечка дејност во нешто. Тие се вградиле себеси во ризницата на европската култура.
  • (се) вградува, глаг. несв. (се) вградуваат

Оригинални податоци:

вгради, вградат св. 1. Постави трајно, вклопи на соодветно место дел од мебел, елемент од конструкција и сл. Вграден плакар. 2. Употреби, вѕида како градежен материјал при градба. Во ѕидовите на новата куќа вградија систем за вода и топлина. 3. (прен.) Внесе, вклучи нешто во составот, во содржината на текст и др. Добрите решенија треба да ги вградат во новиот закон. ●се ~ Остави белег, траг од својата личност, творечка дејност во нешто. Тие се вградиле себеси во ризницата на европската култура. ǁ (се) вградува, (се) вградуваат несв. ǁ глаг. им. вградување ср.