вид 1
Само во еднина.
Значење на вид:
1. Едно од петте сетила, чијшто орган се очите; способност на окото да реагира на светлината, да го восприема надворешниот свет. Му ослабе видот. Го загуби видот на едното око.
2. Надворешен облик, изглед. Во вид на срце.
Оригинални податоци:
вид1 (само едн.) м. 1. Едно од петте сетила, чијшто орган се очите; способност на окото да реагира на светлината, да го восприема надворешниот свет. Му ослабе видот. Го загуби видот на едното око. 2. Надворешен облик, изглед. Во вид на срце.