вид 2
Значење на вид:
1. Подраздел во систематиката кој влегува во системот на повисокиот раздел ‒ род; тип. Вид растение.
2. Разновидност, различност. Неколку вида чевли. Му постави два вида прашања.
3. (грам.) Граматичка категорија на глаголот што означува како се врши дејството што го изразува глаголот ‒ во процес или како целосно опфатено, како несвршено или како свршено. Свршен и несвршен вид.
Множина: вида, видови.
Изведени зборови:
- видски, прид. видските Што се однесува на вид2 т. 3. Видски пар.
Оригинални податоци:
вид2, мн. видови, избр. мн. вида м. 1. Подраздел во систематиката кој влегува во системот на повисокиот раздел ‒ род; тип. Вид растение. 2. Разновидност, различност. Неколку вида чевли. Му постави два вида прашања. 3. (грам.) Граматичка категорија на глаголот што означува како се врши дејството што го изразува глаголот ‒ во процес или како целосно опфатено, како несвршено или како свршено. Свршен и несвршен вид. ǁ видски, видските прид. Што се однесува на вид2 т. 3. Видски пар.