виделина
Значење на виделина:
Светлина. Утринската виделина го проретчуваше мракот над полето. Р Изнесе на виделина ‒ обелодени некоја тајна.Множина: виделини.
Изведени зборови:
- виделинка, и. ж. дем.
Оригинални податоци:
виделина, мн. виделини ж. Светлина. Утринската виделина го проретчуваше мракот над полето. Р Изнесе на виделина ‒ обелодени некоја тајна. ǁ виделинка, мн. виделинки ж. дем.