видело
Значење на видело:
1. Светлина. Си заминаа по видело. Се прибира уште со видело и се затвора вкуќи.
2. Кандило, направа за светење, на газија, со борина и сл.; виделниче. Во камарата стојат кибритот и борината да знае домаќинката каде ѝ е виделото.
3. Очен вид. Ми се зеде виделото. Виделото не му се врати по операцијата.
Множина: видела.
Изведени зборови:
- виделце, и. ср. виделца дем кон 1 и 2.
Фразеолошки израз / поговорка:
Излезе на видело ‒ се обелодени некоја скриена работа. Да види бело видело ‒ да се обелодени нешто, да се појави во јавноста. Да видам и јас бело видело ‒ да ми се насмее и мене среќата, да дочекам подобри денови.
Оригинални податоци:
видело, мн. видела ср. 1. Светлина. Си заминаа по видело. Се прибира уште со видело и се затвора вкуќи. 2. Кандило, направа за светење, на газија, со борина и сл.; виделниче. Во камарата стојат кибритот и борината да знае домаќинката каде ѝ е виделото. 3. Очен вид. Ми се зеде виделото. Виделото не му се врати по операцијата. ◊ Излезе на видело ‒ се обелодени некоја скриена работа. Да види бело видело ‒ да се обелодени нешто, да се појави во јавноста. Да видам и јас бело видело ‒ да ми се насмее и мене среќата, да дочекам подобри денови. ǁ виделце, виделца ср. дем кон 1 и 2.