види

Глагол, свршен

Значење на види:

1. а) Насочи поглед кон нешто, опфати со сетилото за вид. Оддалеку видоа дим што се дигаше од селото. Тој виде на саемот многу нови производи. Од ридот го видоа езерото. б) Здогледа, забележи некого или нешто. Видовме како идат сватови. Тој нè виде кога влегувавме. На патот виде две жени.

2. Сретне, се најде со некого. Ако го видиш, кажи му да дојде.

3. Доживее, почувствува. Кај си видел ваква убавина!? Што мака виде од мене? Од мојот имот јас никаква корист не сум видел.

4. Посети некого. Дојдовме да ве видиме.

5. Увиди, разбере, сфати, најде, согледа. Видов дека со плачење не бидува ништо. Тогаш видов дека така не може.

6. Дознае, разбере нешто. Видете што се случува надвор. Само да видиш какви златни деца се.

7. Проследи, разгледа. Сега ќе видиме како ќе се одрази тоа на работата.

Коњугација: видат , видел , виден , видете , види , видоа , видов , (ќе) видеа , (ќе) видев , (ќе) видел.

Изведени зборови:

  • видување, глаг. им. ср.
  • се ~ види, 1. Се опфати себеси со сетилото за вид. Се виде во огледало. 2. Се сретне, се состане со некого. Со него се видов на станица. 3. Се почувствува некако. Се виде себеси невеста. Се виде измамен. 4. безл. Му се стори, му се причини дека нешто се случило или дека ќе се случи. Му се виде полесно. Ми се виде долг патот. 5. несв. Не се гледа, не може да се гледа. Во визбата не се види, темно е.
  • (се) видува, глаг. несв. (се) видуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Виде аир ‒ стекне нешто добро. Да види бел ден (бело видело) ‒ да види арно во животот. Виде колку е саатот ‒ сфати што се случува. Види лошо (зло, неарно) ‒ доживее нешто неубаво, непријатно. Виде–невиде ‒ реши да стори нешто немајќи друг излез. Види со очи ‒ биде присутен, е сведок. Види фајде ‒ има полза. Види што да види (види што ќе види) ‒ изразува: чудење, жалење, болка за нешто што се случило неочекувано. Вид се не види ‒ загине без трага, исчезне. Ни се чуло, ни се видело ‒ станува нешто невозможно. Ќе му ги види опинците / грбот ‒ нема повеќе да го види, ќе замине, ќе избега, ќе исчзне. Само да ми го видат очите ‒ закана. Види свет ‒ прошета низ светот, надвор од местото на живеење. Да види господ ‒ при исчудување. Кога ќе си го видам тилот ‒ никогаш. До видување ‒ поздрав; Едно видување ‒ еден век ‒ средбата пари вреди, сега се видовме па кој знае кога. Ми се виде ‒ гледам, не сум слеп, можам да видам.

Оригинални податоци:

види, видат; види, видете; видов, видоа; видел; виден; (ќе) видев, (ќе) видеа; (ќе) видел св. 1. а) Насочи поглед кон нешто, опфати со сетилото за вид. Оддалеку видоа дим што се дигаше од селото. Тој виде на саемот многу нови производи. Од ридот го видоа езерото. б) Здогледа, забележи некого или нешто. Видовме како идат сватови. Тој нè виде кога влегувавме. На патот виде две жени. 2. Сретне, се најде со некого. Ако го видиш, кажи му да дојде. 3. Доживее, почувствува. Кај си видел ваква убавина!? Што мака виде од мене? Од мојот имот јас никаква корист не сум видел. 4. Посети некого. Дојдовме да ве видиме. 5. Увиди, разбере, сфати, најде, согледа. Видов дека со плачење не бидува ништо. Тогаш видов дека така не може. 6. Дознае, разбере нешто. Видете што се случува надвор. Само да видиш какви златни деца се. 7. Проследи, разгледа. Сега ќе видиме како ќе се одрази тоа на работата. ● се ~ 1. Се опфати себеси со сетилото за вид. Се виде во огледало. 2. Се сретне, се состане со некого. Со него се видов на станица. 3. Се почувствува некако. Се виде себеси невеста. Се виде измамен. 4. безл. Му се стори, му се причини дека нешто се случило или дека ќе се случи. Му се виде полесно. Ми се виде долг патот. 5. несв. Не се гледа, не може да се гледа. Во визбата не се види, темно е. ◊ Виде аир ‒ стекне нешто добро. Да види бел ден (бело видело) ‒ да види арно во животот. Виде колку е саатот ‒ сфати што се случува. Види лошо (зло, неарно) ‒ доживее нешто неубаво, непријатно. Виде–невиде ‒ реши да стори нешто немајќи друг излез. Види со очи ‒ биде присутен, е сведок. Види фајде ‒ има полза. Види што да види (види што ќе види) ‒ изразува: чудење, жалење, болка за нешто што се случило неочекувано. Вид се не види ‒ загине без трага, исчезне. Ни се чуло, ни се видело ‒ станува нешто невозможно. Ќе му ги види опинците / грбот ‒ нема повеќе да го види, ќе замине, ќе избега, ќе исчзне. Само да ми го видат очите ‒ закана. Види свет ‒ прошета низ светот, надвор од местото на живеење. Да види господ ‒ при исчудување. Кога ќе си го видам тилот ‒ никогаш. До видување ‒ поздрав; Едно видување ‒ еден век ‒ средбата пари вреди, сега се видовме па кој знае кога. ǁ (се) видува, (се) видуваат несв. ǁ глаг. им. видување ср. ◊ Ми се види ‒ гледам, не сум слеп, можам да видам.