вие 1

Глагол, несвршен

Значење на вие:

1. Прави да биде криво, свиткува, свива. витка Акробатот виеше железни прачки со голи раце.

2. Прави нешто со виткање, мотање. Леблебиџијата од весници виеше фишеци. Девојките виеја венци од здравец.

3. Мота, намотува, витка 3. Ковачот виеше жица околу тенок калем. Ткајачката ја виеше преѓата на совалки.

4. (прен.) а) Извива оро, танец, со играње, со водење на орото. Момите танец виеја. б) Снага. Како оди, рамна снага вие.

5. (прен.) Се извива, кривуличи. Патот виеше по голите ридови.

6. (прен.) Боли многу, за орган или дел од човечкото тело. Ме вијат нозете.

Коњугација: виев , виеја , виејќи, виел , виен , виј , вијат , вијте .

Изведени зборови:

  • се ~ вие, 1. Се витка, се превиткува, се свиткува. Од тежината на снегот гранките на брезите се виеја. 2. а) Се извива, кривуличи. Реката се виеше како змија меѓу врбаците. На сред село орото се виеше. б) Чад, прав, магла, пламен. Над локомотивата се виеше густ чад. 3. Кружи, се врти. Јастребот над пиле некое се вие. 4. Се намотува, се витка околу нешто. Над вратата се виеше бршлен.

Оригинални податоци:

вие1, вијат; виј, вијте; виев, виеја; виел; виен; виејќи несв. 1. Прави да биде криво, свиткува, свива. сп. витка 1. Акробатот виеше железни прачки со голи раце. 2. Прави нешто со виткање, мотање. Леблебиџијата од весници виеше фишеци. Девојките виеја венци од здравец. 3. Мота, намотува, в. витка 3. Ковачот виеше жица околу тенок калем. Ткајачката ја виеше преѓата на совалки. 4. (прен.) а) Извива оро, танец, со играње, со водење на орото. Момите танец виеја. б) Снага. Како оди, рамна снага вие. 5. (прен.) Се извива, кривуличи. Патот виеше по голите ридови. 6. (прен.) Боли многу, за орган или дел од човечкото тело. Ме вијат нозете. ● се ~ 1. Се витка, се превиткува, се свиткува. Од тежината на снегот гранките на брезите се виеја. 2. а) Се извива, кривуличи. Реката се виеше како змија меѓу врбаците. На сред село орото се виеше. б) Чад, прав, магла, пламен. Над локомотивата се виеше густ чад. 3. Кружи, се врти. Јастребот над пиле некое се вие. 4. Се намотува, се витка околу нешто. Над вратата се виеше бршлен.