вие 2
Значење на вие:
1. За животно (волк, пес) ‒ издава силен, продолжителен глас. Кучињата виеја надвор. Волци вијат некаде во планините.
2. (прен.) Ветар, инструмент што произведува звук. Фабричките сирени виеја долго и страшно. Зурлите пиштат и вијат. Ветрот виеше цела ноќ.
Коњугација: виев , виеја , виејќи, виел , виј , вијат , вијте .
Изведени зборови:
- виење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
вие2 вијат; виј, вијте; виев, виеја; виел; виејќи несв. 1. За животно (волк, пес) ‒ издава силен, продолжителен глас. Кучињата виеја надвор. Волци вијат некаде во планините. 2. (прен.) Ветар, инструмент што произведува звук. Фабричките сирени виеја долго и страшно. Зурлите пиштат и вијат. Ветрот виеше цела ноќ. ǁ глаг. им. виење ср.