вика

Глагол, несвршен

Значење на вика:

1. Зборува, кажува гласно. Сите викаа: „Песна да чуеме!“

2. Надава вик, вреска. Надвор децата викаа.

3. Кара, прекорува, му упатува прекор (забелешки) на некого. Учителот вика само по мене.

4. Повикува, кани некого. Нè викаат на гости в сабота кај соседите.

5. (разг.) Вели, кажува. Соседот вика дека кај нив не дошол таков човек.

6. а) Именува, нарекува (со име, прекар, назив). Оваа река ние ја викаме Сува Река. б) (само во 3 л.) Мене ме викаат Мирко.

Коњугација: викаат.

Изведени зборови:

  • викање, глаг. им. ср.
  • се ~ вика, Се именува, името ми (ти, му...) е. Јас се викам Трајко, а мојата жена се вика Ката. Оваа планина се вика Китка.

Оригинални податоци:

вика, викаат несв. 1. Зборува, кажува гласно. Сите викаа: „Песна да чуеме!“ 2. Надава вик, вреска. Надвор децата викаа. 3. Кара, прекорува, му упатува прекор (забелешки) на некого. Учителот вика само по мене. 4. Повикува, кани некого. Нè викаат на гости в сабота кај соседите. 5. (разг.) Вели, кажува. Соседот вика дека кај нив не дошол таков човек. 6. а) Именува, нарекува (со име, прекар, назив). Оваа река ние ја викаме Сува Река. б) (само во 3 л.) Мене ме викаат Мирко. ● се ~ Се именува, името ми (ти, му...) е. Јас се викам Трајко, а мојата жена се вика Ката. Оваа планина се вика Китка. ǁ глаг. им. викање ср.