викне
Значење на викне:
1. Гласно се обрати на некого, најчесто по име или со наредба. Тој ѝ викна да слезе. Стражарот викна „Стој“.
2. Нададе вик, извика. Викна колку што го носеше гласот.
3. (разг.) Повика, покани некого. Тој ме викна да му помогнам. Тој викнал еден мајстор да ја поправи чешмата. Кумот ме викна дома кај него.
4. Почне, започне. Викна да пее. Викна да плаче.
5. (разг.) Се зафати сериозно со некоја работа. Кога му викна да сече дрва, за еден саат ја заврши работата.
Коњугација: викнаа , викнав , викнал , викнат , викнат , викнете , викни , (ќе) викнеа , (ќе) викнев , (ќе) викнел.
Изведени зборови:
- викнува, глаг. несв. викнуваат
- викнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
викне, викнат; викни, викнете; викнав, викнаа; викнал; викнат; (ќе) викнев, (ќе) викнеа; (ќе) викнел св. 1. Гласно се обрати на некого, најчесто по име или со наредба. Тој ѝ викна да слезе. Стражарот викна „Стој“. 2. Нададе вик, извика. Викна колку што го носеше гласот. 3. (разг.) Повика, покани некого. Тој ме викна да му помогнам. Тој викнал еден мајстор да ја поправи чешмата. Кумот ме викна дома кај него. 4. Почне, започне. Викна да пее. Викна да плаче. 5. (разг.) Се зафати сериозно со некоја работа. Кога му викна да сече дрва, за еден саат ја заврши работата. ǁ викнува, викнуваат несв. ǁ глаг. им. викнување ср.