вилает

Именка, машки род

Значење на вилает:

1. (истор.) Област во Турското Царство со која управувал валија. Битолски вилает.

2. (прен.) Крај, област, роден крај. Еве го мојот вилает, веќе го слушам лавежот на кучињата. Штрковите напролет се враќале во нашиот вилает.

Множина: вилаети.

Оригинални податоци:

вилает, мн. вилаети м. 1. (истор.) Област во Турското Царство со која управувал валија. Битолски вилает. 2. (прен.) Крај, област, роден крај. Еве го мојот вилает, веќе го слушам лавежот на кучињата. Штрковите напролет се враќале во нашиот вилает.