вино

Именка, среден род

Значење на вино:

Алкохолен пијалак добиен со ферментација на сок од грозје. Младо вино. Во чашата блескаше црно тиквешко вино. Тој испил две-три чаши рујно вино и се опијанил. Три дни се точи вино и ракија.

Множина: вина.

Изведени зборови:

  • винце, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Младото вино бргу преврива ‒ бргу мине младоста со своите лудувања.

Оригинални податоци:

вино, мн. вина ср. Алкохолен пијалак добиен со ферментација на сок од грозје. Младо вино. Во чашата блескаше црно тиквешко вино. Тој испил две-три чаши рујно вино и се опијанил. Три дни се точи вино и ракија. ◊ Младото вино бргу преврива ‒ бргу мине младоста со своите лудувања. ǁ винце, мн. винца ср. дем. и хип.