виолина
Музика.
Значење на виолина:
Гудачки инструмент со четири жици, највисок според тонскиот регистар од сите гудачки инструменти. Концерт за виолина и оркестар. Ја земаше виолината и свиреше ориентална музика.Множина: виолини.
Фразеолошки израз / поговорка:
Прва виолина ‒ 1. виолина што води во оркестарот. 2. тој што се истакнува над сите, тој што има главен збор во нешто.
Оригинални податоци:
виолина, мн. виолини ж. (муз.) Гудачки инструмент со четири жици, највисок според тонскиот регистар од сите гудачки инструменти. Концерт за виолина и оркестар. Ја земаше виолината и свиреше ориентална музика. ◊ Прва виолина ‒ 1. виолина што води во оркестарот. 2. тој што се истакнува над сите, тој што има главен збор во нешто.