вир
Значење на вир:
1. Длабоко место во река каде што слабо истекува водата и прави вртежи, витли. Вирот што го направивме во реката не беше подлабок од мишките. Од железничкиот мост надолу почнуваа опасни вирови.
2. Вдлабнатина, корито каде што се собира вода, бара, локва. Вирот се полни од пролетните дождови, но испарува од летните денови.
Множина: вира, вирје, вирови.
Изведени зборови:
- вириште, и. ср. аугм.
- вирче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Вир-вода ‒ мокар до гола кожа.
Оригинални податоци:
вир, мн. вирови избр. мн. вира, збир. мн. вирје м. 1. Длабоко место во река каде што слабо истекува водата и прави вртежи, витли. Вирот што го направивме во реката не беше подлабок од мишките. Од железничкиот мост надолу почнуваа опасни вирови. 2. Вдлабнатина, корито каде што се собира вода, бара, локва. Вирот се полни од пролетните дождови, но испарува од летните денови. ◊ Вир-вода ‒ мокар до гола кожа. ǁ вириште, мн. виришта ср. аугм. ǁ вирче, мн. вирчиња ср. дем.