виси
Значење на виси:
1. Стои закачен, обесен на нешто без потпора од долната страна. По чардаците висеа низалки со риби. Две слики висеа на ѕидот. На ластарот висеше еден прекрасен голем грозд црно грозје.
2. Лошо стои, лошо паѓа надолу, олабавен, отпуштен паѓа надолу. Ракавите на мантијата му висеа на попот како скршени крилја.
3. Стои, е наднесен над нешто. Чардаците на куќите висеа над патот. Ресите на жалната врба висат над езерото.
4. (прен.) Плови над нешто без никаква потпора. Црни облаци висеа над градот.
5. (прен. разг.) Стои, се задржува на некое место подолго време, обично без работа. На станицата висеа некакви сомнителни луѓе.
6. Е неизвесен, несигурен. Тоа прашање подолго време висеше во воздухот.
Коњугација: висат.
Изведени зборови:
- висење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Виси на конец ‒ е несигурно. Ми виси над глава ‒ е во некаква опасност; некое прашање е многу актуелно за поединецот.
Оригинални податоци:
виси, висат несв. 1. Стои закачен, обесен на нешто без потпора од долната страна. По чардаците висеа низалки со риби. Две слики висеа на ѕидот. На ластарот висеше еден прекрасен голем грозд црно грозје. 2. Лошо стои, лошо паѓа надолу, олабавен, отпуштен паѓа надолу. Ракавите на мантијата му висеа на попот како скршени крилја. 3. Стои, е наднесен над нешто. Чардаците на куќите висеа над патот. Ресите на жалната врба висат над езерото. 4. (прен.) Плови над нешто без никаква потпора. Црни облаци висеа над градот. 5. (прен. разг.) Стои, се задржува на некое место подолго време, обично без работа. На станицата висеа некакви сомнителни луѓе. 6. Е неизвесен, несигурен. Тоа прашање подолго време висеше во воздухот. ◊ Виси на конец ‒ е несигурно. Ми виси над глава ‒ е во некаква опасност; некое прашање е многу актуелно за поединецот. ǁ глаг. им. висење ср.