висина

Именка, женски род

Значење на висина:

1. Вертикална димензија, вертикално растојание од подножјето на некое тело до неговиот врв.

2. Вертикално растојание од земјата или од некоја друга хоризонтална површина; ниво. Црквата е ѕидана во висина на земјата.

3. Просторот високо над земјината површина, кон небото. Птицата стаса до една одредена висина, застана за момент, и пак се устреми кон езерската шир. Авионот се искачи во висините.

4. Возвишено место, височина. Висината на планината импресионираше.

5. Раст, израстеност (на човек, на растение и др.) Висината на катетата е 12 см.

6. (прен.) Степен на квалитет, ниво на развиток, на зрелост. Тој секогаш беше на висина на својата задача.

7. (муз.) Особина на звукот која зависи од бројот на треперењата на изворот во секунда. Во салата одекнаа високите тонови на виолината. Стиховите се рецитираат со одредена тонска висина.

8. (екон.) Големина на броен или паричен износ. Висината на кредитот зависи од месечните примање на барателот.

Множина: висини.

Изведени зборови:

  • висински, прид. висинските Што се однесува на висина 1, 2 и 3. Висинска разлика.

Фразеолошки израз / поговорка:

Надморска висина ‒ висина од нивото на морето до некоја точка на релјефот. Гледа, зборува од висина ‒ се крева на големо, се прави важен. Губи висина ‒ наеднаш, нагло паѓа при лет. Од олимписка висина ‒ надуено.

Оригинални податоци:

висина, мн. висини ж. 1. Вертикална димензија, вертикално растојание од подножјето на некое тело до неговиот врв. 2. Вертикално растојание од земјата или од некоја друга хоризонтална површина; ниво. Црквата е ѕидана во висина на земјата. 3. Просторот високо над земјината површина, кон небото. Птицата стаса до една одредена висина, застана за момент, и пак се устреми кон езерската шир. Авионот се искачи во висините. 4. Возвишено место, височина. Висината на планината импресионираше. 5. Раст, израстеност (на човек, на растение и др.) Висината на катетата е 12 см. 6. (прен.) Степен на квалитет, ниво на развиток, на зрелост. Тој секогаш беше на висина на својата задача. 7. (муз.) Особина на звукот која зависи од бројот на треперењата на изворот во секунда. Во салата одекнаа високите тонови на виолината. Стиховите се рецитираат со одредена тонска висина. 8. (екон.) Големина на броен или паричен износ. Висината на кредитот зависи од месечните примање на барателот. ◊ Надморска висина ‒ висина од нивото на морето до некоја точка на релјефот. Гледа, зборува од висина ‒ се крева на големо, се прави важен. Губи висина ‒ наеднаш, нагло паѓа при лет. Од олимписка висина ‒ надуено. ǁ висински, висинските прид. Што се однесува на висина 1, 2 и 3. Висинска разлика.