висок
Значење на висок:
1. а) Долг во вертикален правец, што е со голем раст, што има голема раз–далечина оддолу нагоре, низок. Тој е повисок од сите во класот. Највисока зграда во градот. Високи балкони. Околу куќата имаше висок плет. б) Што има димензии по вертикала поголеми од просечните. Високо чело. Високи топуци.Висок раст. в) Што има точно одредена димензија, изразена со мерна единица. Таванот е висок 2.70. Кошаркарот беше висок 2 метра и 5 сантиметри. Карпата беше висока преку сто метри.
2. Што е многу оддалечен, што се наоѓа далеку во височината од земјата или од некоја друга површина. Авионот леташе високо над облаците. Небото беше чисто, високо, сино.
3. Што е, што се наоѓа на некоја височина. На високите планини сè уште имаше снег. Куќата беше на една висока тумбарка. На повисоките места провејува слаб снег.
4. Што се одликува со висина; висина 7, 8.
5. Што е над другите по ранг, по степен. Највисокото партиско раководство донесе одлука. Највисоките органи на власта. Високо научно звање. Највисок орган на управување. Висока уметничка школа. Висок гостин.
6. Чиешто својство е изразено во голема мера, во голем степен. Висок тираж. Високи цени. Висока продуктивност. Висок стандард. Висока цел. Висока температура. Висок крвен притисок. Висок напон. Висока политичка свест. Оваа манифестација има високо реноме во светот. Романот е со високи уметнички достоинства.
Членувана форма: високиот.
Изведени зборови:
- високо, прил. Летал високо како птица.
- височок, прид. височкиот дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Висока печка ‒ печка во технологијата на железо и други метали. Живее на висока нога ‒ живее богато. Угоре високо – удолу длабоко (посл.) ‒ безизлезна ситуација. Зборува на (од) високо ‒ се прави важен, си придава важност. Висок праг на толеранција / на болка – може да поднесе многу нешта (болка на пр.).
Оригинални податоци:
висок, високиот прид. 1. а) Долг во вертикален правец, што е со голем раст, што има голема раз–далечина оддолу нагоре, спрот. низок. Тој е повисок од сите во класот. Највисока зграда во градот. Високи балкони. Околу куќата имаше висок плет. б) Што има димензии по вертикала поголеми од просечните. Високо чело. Високи топуци.Висок раст. в) Што има точно одредена димензија, изразена со мерна единица. Таванот е висок 2.70. Кошаркарот беше висок 2 метра и 5 сантиметри. Карпата беше висока преку сто метри. 2. Што е многу оддалечен, што се наоѓа далеку во височината од земјата или од некоја друга површина. Авионот леташе високо над облаците. Небото беше чисто, високо, сино. 3. Што е, што се наоѓа на некоја височина. На високите планини сè уште имаше снег. Куќата беше на една висока тумбарка. На повисоките места провејува слаб снег. 4. Што се одликува со висина; сп. висина 7, 8. 5. Што е над другите по ранг, по степен. Највисокото партиско раководство донесе одлука. Највисоките органи на власта. Високо научно звање. Највисок орган на управување. Висока уметничка школа. Висок гостин. 6. Чиешто својство е изразено во голема мера, во голем степен. Висок тираж. Високи цени. Висока продуктивност. Висок стандард. Висока цел. Висока температура. Висок крвен притисок. Висок напон. Висока политичка свест. Оваа манифестација има високо реноме во светот. Романот е со високи уметнички достоинства. ǁ високо прил. Летал високо како птица. ǁ височок, височкиот прид. дем. ◊ Висока печка ‒ печка во технологијата на железо и други метали. Живее на висока нога ‒ живее богато. Угоре високо – удолу длабоко (посл.) ‒ безизлезна ситуација. Зборува на (од) високо ‒ се прави важен, си придава важност. Висок праг на толеранција / на болка – може да поднесе многу нешта (болка на пр.).