витоса

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на витоса:

1. Уништи, отстрани, тргне некого или нешто како непожелно. Козите му ги витосаа. Ја забраа жената и ја витосаа некаде.

2. Изгуби, затури, исчезне од вид, од досегот на сетилата. Кај ги витоса пусти очила?

Коњугација: витосаат.

Изведени зборови:

  • витосување, глаг. им. ср.
  • се ~ витоса, 1. Се уништи, се сотре. Се витосаа зајаците, срните, лисиците, волците, дивите свињи. Цела куќа се витоса. 2. Отиде некаде, се изгуби, го снема. Тој се витосал некаде во пустината. Тепачите се витосаа оттука, а таа остана спружена на земја.
  • (се) витосува, глаг. несв. (се) витосуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Вит се витоса ‒ исчезне сосема.

Оригинални податоци:

витоса, витосаат св. (разг.) 1. Уништи, отстрани, тргне некого или нешто како непожелно. Козите му ги витосаа. Ја забраа жената и ја витосаа некаде. 2. Изгуби, затури, исчезне од вид, од досегот на сетилата. Кај ги витоса пусти очила? ● се ~ 1. Се уништи, се сотре. Се витосаа зајаците, срните, лисиците, волците, дивите свињи. Цела куќа се витоса. 2. Отиде некаде, се изгуби, го снема. Тој се витосал некаде во пустината. Тепачите се витосаа оттука, а таа остана спружена на земја. ◊ Вит се витоса ‒ исчезне сосема. ǁ (се) витосува, (се) витосуваат несв. ǁ глаг. им. витосување ср.