вивне

Глагол, свршен

Значење на вивне:

1. За оган ‒ пламне, силно се разгори. Огнот вивна наеднаш. По бомбардирањето во градот вивнаа пожари.

2. (прен.) За човек ‒ се зацрви (од возбуда, од температура и сл.). Ушите му вивнаа. Тој вивна и налутен се стрча кон човекот.

3. (прен.) Извиши, крене високо. Јас тогаш ја вивнав летачката над куќите.

Коњугација: вивнаа , вивнав , вивнал , вивнат , вивнат , вивнете , вивни , (ќе) вивнеа , (ќе) вивнев , (ќе) вивнел.

Изведени зборови:

  • вивнување, глаг. им. ср.
  • се ~ вивне, 1. Се запали силно. Пламенот се вивна в небо. 2. Се извиши, се крене високо. Орелот се вивна в облаци.
  • (се) вивнува, глаг. повт. (се) вивнуваат

Оригинални податоци:

вивне, вивнат; вивни, вивнете; вивнав, вивнаа; вивнал; вивнат; (ќе) вивнев, (ќе) вивнеа; (ќе) вивнел св. 1. За оган ‒ пламне, силно се разгори. Огнот вивна наеднаш. По бомбардирањето во градот вивнаа пожари. 2. (прен.) За човек ‒ се зацрви (од возбуда, од температура и сл.). Ушите му вивнаа. Тој вивна и налутен се стрча кон човекот. 3. (прен.) Извиши, крене високо. Јас тогаш ја вивнав летачката над куќите. ● се ~ 1. Се запали силно. Пламенот се вивна в небо. 2. Се извиши, се крене високо. Орелот се вивна в облаци. ǁ (се) вивнува, (се) вивнуваат повт. ǁ глаг. им. вивнување ср.