визија
Значење на визија:
1. (псих.) Халуцинација на сетилото за вид која ја сметаме за вистинита, без потпора во реалниот свет; привидение. Посегна кон снежната визија пред него, кон ликот на девојката што ја сакаше.
2. Гледање во иднината, претскажување, предвидување. Пророчките визии стануваа сè почести и пореални.
3. Претстава за нешто што се очекува, се предвидува, се пожелува. Тој има јасна визија за својата иднина.
Множина: визии.
Оригинални податоци:
визија, мн. визии ж. 1. (псих.) Халуцинација на сетилото за вид која ја сметаме за вистинита, без потпора во реалниот свет; привидение. Посегна кон снежната визија пред него, кон ликот на девојката што ја сакаше. 2. Гледање во иднината, претскажување, предвидување. Пророчките визии стануваа сè почести и пореални. 3. Претстава за нешто што се очекува, се предвидува, се пожелува. Тој има јасна визија за својата иднина.