визир

Именка, машки род

Значење на визир:

1. (истор.) Дел од шлемот што се става преку очите, подвижна решетка, штитник. Ги спуштија визирите и тргнаа во напад.

2. Штитник за лицето, дел од шлем или што се носи самостојно како заштита. Правеа визири од пластика против заразата од вируси. Полицајците носеа шлемови со визир.

3. Нишан, направа преку која се нишани со огненото оружје. Прецизен визир.

Множина: визири.

Оригинални податоци:

визир, мн. визири м. 1. (истор.) Дел од шлемот што се става преку очите, подвижна решетка, штитник. Ги спуштија визирите и тргнаа во напад. 2. Штитник за лицето, дел од шлем или што се носи самостојно како заштита. Правеа визири од пластика против заразата од вируси. Полицајците носеа шлемови со визир. 3. Нишан, направа преку која се нишани со огненото оружје. Прецизен визир.