визита

Именка, женски род

Значење на визита:

1. Посета, одење на гости. Тој ги покани на визита, на кафе. Вечер одеше во проштална визита кај вујковците.

2. Редовна лекарска посета во болнички услови. На попладневната визита докторот ми ја одреди терапијата.

Множина: визити.

Оригинални податоци:

визита, мн. визити ж. 1. Посета, одење на гости. Тој ги покани на визита, на кафе. Вечер одеше во проштална визита кај вујковците. 2. Редовна лекарска посета во болнички услови. На попладневната визита докторот ми ја одреди терапијата.