вклешти
Значење на вклешти:
Фати цврсто да не може да мрда, да се движи, како фатен со клешти, приклешти. Четири раце го вклештија војникот и го ничкосаа. Мечката беше вклештена со задната нога во стапицата.Коњугација: вклештат.
Изведени зборови:
- вклештува, глаг. несв. вклештуваат
- вклештување, глаг. им. ср.
- се ~ вклешти, Се фати како во клешти. 'Рбетот му се вклешти.
Оригинални податоци:
вклешти, вклештат св. Фати цврсто да не може да мрда, да се движи, како фатен со клешти, приклешти. Четири раце го вклештија војникот и го ничкосаа. Мечката беше вклештена со задната нога во стапицата. ● се ~ Се фати како во клешти. 'Рбетот му се вклешти. ǁ вклештува, вклештуваат несв. ǁ глаг. им. вклештување ср.