вклопи

Глагол, свршен

Значење на вклопи:

1. Стави, состави, намести во склоп, едно во друго. Тој ги вклопи цевките една во друга.

2. Доведе во склад со определена целина. Архивските материјали тој успешно ги вклопи во целината на своето најново филмско остварување.

Коњугација: вклопат , вклопете , вклопи , вклопив , вклопија , вклопил , (ќе) вклопеа , (ќе) вклопев , (ќе) вклопел.

Изведени зборови:

  • вклопување, глаг. им. ср.
  • се ~ вклопи, Се вклучи складно во нешто. Тој успешно се вклопи во новата средина.
  • (се) вклопува, глаг. несв. (се) вклопуваат

Оригинални податоци:

вклопи, вклопат; вклопи, вклопете; вклопив, вклопија; вклопил; (ќе) вклопев, (ќе) вклопеа, (ќе) вклопел св. 1. Стави, состави, намести во склоп, едно во друго. Тој ги вклопи цевките една во друга. 2. Доведе во склад со определена целина. Архивските материјали тој успешно ги вклопи во целината на своето најново филмско остварување. ● се ~ Се вклучи складно во нешто. Тој успешно се вклопи во новата средина. ǁ (се) вклопува, (се) вклопуваат несв. ǁ глаг. им. вклопување ср.