вклучи

Глагол, свршен

Значење на вклучи:

1. Внесе, приопшти нешто во определено множество. Неколку од нашите театри ја вклучија во својот репертоар таа драма.

2. Стави во работа, во употреба електричен апарат, мотор и сл. Го вклучи решото.

Коњугација: вклучат.

Изведени зборови:

  • вклучување, глаг. им. ср.
  • се ~ вклучи, Влезе во состав на нешто, како дел од нешто се придружи. Се вклучивме во акцијата. Се вклучи во разговорот.
  • (се) вклучува, глаг. несв. (се) вклучуваат

Оригинални податоци:

вклучи, вклучат 1. Внесе, приопшти нешто во определено множество. Неколку од нашите театри ја вклучија во својот репертоар таа драма. 2. Стави во работа, во употреба електричен апарат, мотор и сл. Го вклучи решото. ● се ~ Влезе во состав на нешто, како дел од нешто се придружи. Се вклучивме во акцијата. Се вклучи во разговорот. ǁ (се) вклучува, (се) вклучуваат несв. ǁ глаг. им. вклучување ср.