вкожурен

Придавка

Значење на вкожурен:

1. Што е во кожурец, што добил кожурец. Вкожурените ларви се претвораат во кокони или кукли.

2. (прен.) Што е како во кожурец, ограничен, затворен во себе.

Членувана форма: вкожурениот.

Изведени зборови:

  • вкожуреност, и. ж. Кон зн. 2. Тој во својата вкожуреност не гледаше ништо околу себе.

Оригинални податоци:

вкожурен, вкожурениот прид. 1. Што е во кожурец, што добил кожурец. Вкожурените ларви се претвораат во кокони или кукли. 2. (прен.) Што е како во кожурец, ограничен, затворен во себе. ǁ вкожуреност ж. Кон зн. 2. Тој во својата вкожуреност не гледаше ништо околу себе.