вкожури се

Глагол, свршен

Значење на вкожури се:

1. Добие кожурец.

2. (прен.) Се затвори во себе, стане како да е во кожурец. По тој настан тој просто се вкожури.

Коњугација: се вкожурат.

Изведени зборови:

  • вкожурување, глаг. им. ср.
  • се вкожурува, глаг. несв. се вкожуруваат

Оригинални податоци:

вкожури се, се вкожурат св. 1. Добие кожурец. 2. (прен.) Се затвори во себе, стане како да е во кожурец. По тој настан тој просто се вкожури. ǁ се вкожурува, се вкожуруваат несв. ǁ глаг. им. вкожурување ср.