влачи

Глагол, несвршен

Значење на влачи:

1. а) Чешла волна (со гребни). Влачи волна. Селанката сè правела сама, влачела, предела и ја бојосувала волната. б) Обработува волна во влачарница.

2. Рамни нива со влак, со брана. Ја влачеа нивата на попот.

Коњугација: влачат , влачеа , влачев , влачејќи, влачел , влачен , влачете , влачи .

Изведени зборови:

  • влачење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

влачи, влачат; влачи, влачете; влачев, влачеа, влачел, влачен; влачејќи несв. 1. а) Чешла волна (со гребни). Влачи волна. Селанката сè правела сама, влачела, предела и ја бојосувала волната. б) Обработува волна во влачарница. 2. Рамни нива со влак, со брана. Ја влачеа нивата на попот. ǁ глаг. им. влачење ср.