владее
Значење на владее:
1. а) Држи под своја власт; управува, господари. Неколку векови овде владееле туѓинци. б) Управува некого или нешто. Ја владее државата. Сака да го владее сиот имот.
2. Ракува, се служи со средство; познава, знае. а) Со алат. Секој добар мајстор владее сигурно со својот алат. б) Вештина, занает. Момата го владееше мајсторството на ситниот вез. в) Јазик (правопис, речник и сл.) Секој наш студент владее барем еден странски јазик.
3. (прен.) Царува, е доминантен. Владее празнична атмосфера. Над полето владее мир.
4. Се шири, е раширен, присутен, царува. Чуден немир владее со мене. Владее хаос. Владее заразна болест.
Коњугација: владеав , владеаја , владеал , владеан, владеат , владеев , владееја , владеејќи , владеел , владеен , владеј , владејте .
Изведени зборови:
- владеење, глаг. им. ср. владеење 1. Управување, господарење. 2. (прав.) Господарење, можност да се оствари некое право. Владеење на правото.
- се ~ владее, Се држи, се однесува. Тој се владее спрема правилата на групата.
Оригинални податоци:
владее, владеат; владеј, владејте; владеев, владееја; владеел; владеен; владеејќи; мин. св. владеав, владеаја; владеал; владеан несв. 1. а) Држи под своја власт; управува, господари. Неколку векови овде владееле туѓинци. б) Управува некого или нешто. Ја владее државата. Сака да го владее сиот имот. 2. Ракува, се служи со средство; познава, знае. а) Со алат. Секој добар мајстор владее сигурно со својот алат. б) Вештина, занает. Момата го владееше мајсторството на ситниот вез. в) Јазик (правопис, речник и сл.) Секој наш студент владее барем еден странски јазик. 3. (прен.) Царува, е доминантен. Владее празнична атмосфера. Над полето владее мир. 4. Се шири, е раширен, присутен, царува. Чуден немир владее со мене. Владее хаос. Владее заразна болест. ● се ~ Се држи, се однесува. Тој се владее спрема правилата на групата. ǁ глаг. им. владеење ср. 1. Управување, господарење. 2. (прав.) Господарење, можност да се оствари некое право. Владеење на правото.