влакно
Значење на влакно:
1. Израсток во форма на тенка нишка на некои делови кај човекот и жи–вотните. На главата немаше ни влакно коса. Коњско влакно.
2. Нишка од која се составени некои растителни или животински клетки. Мускулни влакна. Конопни влакна. Нервни влакна. Коренови влакна.
3. Тенки израстоци на површината на некои растенија. На листовите и на стебленцето има влакна.
4. (хем.) Хемиска материја во вид на тенки нишки од која со обработка се добива текстил. Синтетички влакна.
Множина: влакна.
Изведени зборови:
- влакненце, и. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бара (наоѓа) влакно во јајцето ‒ ситничав е, бара, наоѓа и најмал повод за приговори, замерки; влегува во најмали ситници, обично со лоша намера. Без влакна на јазикот е ‒ зборува отворено, смело. Виси (се држи) на влакно ‒ се наоѓа во многу несигурна положба. За влакно ‒ за многу малку. Го гледа како влакно во каша (во матеница) ‒ гледа некого со одвратност, со гнасење. Му свети влакното ‒ 1. многу добро изгледа; 2. Се орасположи. Влакно од глава нема да му е кусо ‒ наполно е безбеден, заштитен. Прави од влакно ортома ‒ ги преувеличува работите. Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува (посл.) ‒ карактерните особини остануваат секогаш исти.
Оригинални податоци:
влакно, мн. влакна ср. 1. Израсток во форма на тенка нишка на некои делови кај човекот и жи–вотните. На главата немаше ни влакно коса. Коњско влакно. 2. Нишка од која се составени некои растителни или животински клетки. Мускулни влакна. Конопни влакна. Нервни влакна. Коренови влакна. 3. Тенки израстоци на површината на некои растенија. На листовите и на стебленцето има влакна. 4. (хем.) Хемиска материја во вид на тенки нишки од која со обработка се добива текстил. Синтетички влакна. ◊ Бара (наоѓа) влакно во јајцето ‒ ситничав е, бара, наоѓа и најмал повод за приговори, замерки; влегува во најмали ситници, обично со лоша намера. Без влакна на јазикот е ‒ зборува отворено, смело. Виси (се држи) на влакно ‒ се наоѓа во многу несигурна положба. За влакно ‒ за многу малку. Го гледа како влакно во каша (во матеница) ‒ гледа некого со одвратност, со гнасење. Му свети влакното ‒ 1. многу добро изгледа; 2. Се орасположи. Влакно од глава нема да му е кусо ‒ наполно е безбеден, заштитен. Прави од влакно ортома ‒ ги преувеличува работите. Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува (посл.) ‒ карактерните особини остануваат секогаш исти. ǁ влакненце, мн. влакненца ср.