влече

Глагол, несвршен

Значење на влече:

1. Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот. Трактори и коњи ги влечат тешките трупци од шумата до пиланата. Влече гранки.

2. Трга кон себе. Детето ја влечеше мајка си за унечка. Рибарите ја влечеа мрежата полна со риби.

3. Носи со својот тек, водотек. Реката влече дрвја и камења.

4. (прен.) Носи со себе ваму, таму. Го влече детено сегде со себе.

5. Тешко, отежнато се движи. Тој ја влече десната нога.

6. Вовлекува, трга навнатре. Изморените патници ги влечат првите чадови и молчат. Овој оџак влече добро.

7. Повлекува, исцртува. Учениците влечеа со линијарот прави линии по белата хартија.

8. Извлекува. Влече карта од шпилот.

Конјугација: влекле, влекоа , влеков , влекол , влечат , влечеа , влечев , влечејќи , влечел , влечен , влечете , влечи .

Изведени зборови:

  • влечење, глаг. им. ср.
  • се ~ влече, 1. а) Тешко, споро се движи, ползи, лази. Ранетиот се влечеше. Просјакот се влечеше по асфалтот. По исушената трева се влечеше еден голем смок. б) (прен.) Се движи бавно. Облаците се влечеа по сртот на планината. 2. Се движи не одвојувајќи се од површината. Фустанот на невестата се влечеше по калниот пат. 3. (прен., разг.) Е во љубовна врска со некого, подолго време. Се влече со неа три години.

Фразеолошки израз / поговорка:

Влече некого за јазик ‒ предизвикува некого на искажување. Влече некого за нос ‒ држи некого под свое влијание, под своја волја. Срцето го влече по некого/по нешто ‒ сака нешто, се интересира за нешто или некого. Нешто го влече ‒ нешто го привлекува, е заинтересиран за нешто.

Оригинални податоци:

влече, влечат; влечи, влечете; влечев, влечеа; влечел; влечен; влечејќи; мин. св. влеков, влекоа; влекол, влекле несв. 1. Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот. Трактори и коњи ги влечат тешките трупци од шумата до пиланата. Влече гранки. 2. Трга кон себе. Детето ја влечеше мајка си за унечка. Рибарите ја влечеа мрежата полна со риби. 3. Носи со својот тек, водотек. Реката влече дрвја и камења. 4. (прен.) Носи со себе ваму, таму. Го влече детено сегде со себе. 5. Тешко, отежнато се движи. Тој ја влече десната нога. 6. Вовлекува, трга навнатре. Изморените патници ги влечат првите чадови и молчат. Овој оџак влече добро. 7. Повлекува, исцртува. Учениците влечеа со линијарот прави линии по белата хартија. 8. Извлекува. Влече карта од шпилот. ● се ~ 1. а) Тешко, споро се движи, ползи, лази. Ранетиот се влечеше. Просјакот се влечеше по асфалтот. По исушената трева се влечеше еден голем смок. б) (прен.) Се движи бавно. Облаците се влечеа по сртот на планината. 2. Се движи не одвојувајќи се од површината. Фустанот на невестата се влечеше по калниот пат. 3. (прен., разг.) Е во љубовна врска со некого, подолго време. Се влече со неа три години. ◊ Влече некого за јазик ‒ предизвикува некого на искажување. Влече некого за нос ‒ држи некого под свое влијание, под своја волја. Срцето го влече по некого/по нешто ‒ сака нешто, се интересира за нешто или некого. Нешто го влече ‒ нешто го привлекува, е заинтересиран за нешто. ǁ глаг. им. влечење ср.