влечка
Значење на влечка:
1. Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата. Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја.
2. Тешко, споро се движи. Тој ја влечка ногата.
3. Носи, тешко движејќи се. Болничарите ги влечкаа ранетите настрана.
4. Носи со својот тек. Дотечените реки влечкаа дрвја и камење.
5. (прен.) Одолжува. Тој секогаш ги влечка работите.
Коњугација: влечкаат.
Изведени зборови:
- влечкање, глаг. им. ср.
- се ~ влечка, 1. Тешко, бавно се движи, оди или лази. Сакатиот се влечкаше на левиот колк и десната рака. 2. Се движи не одвојувајќи се од површината. Пантолоните му се влечкаа по тревата. 3. (прен.) Бавно ги врши работите. Таа цел ден се влечка и ручекот пак не е готов навреме.
Оригинални податоци:
влечка, влечкаат несв. 1. Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата. Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја. 2. Тешко, споро се движи. Тој ја влечка ногата. 3. Носи, тешко движејќи се. Болничарите ги влечкаа ранетите настрана. 4. Носи со својот тек. Дотечените реки влечкаа дрвја и камење. 5. (прен.) Одолжува. Тој секогаш ги влечка работите. ● се ~ 1. Тешко, бавно се движи, оди или лази. Сакатиот се влечкаше на левиот колк и десната рака. 2. Се движи не одвојувајќи се од површината. Пантолоните му се влечкаа по тревата. 3. (прен.) Бавно ги врши работите. Таа цел ден се влечка и ручекот пак не е готов навреме. ǁ глаг. им. влечкање ср.