влева

Глагол, несвршен

Значење на влева:

1. Сипува, тура течност во нешто.

2. (прен.) Внесува, исполнува со некакво чувство, прави некој да биде обземен со некое чувство, мисла. Полицијата влеваше страв кај луѓето. Со своето однесување тој влева почит.

Коњугација: влеваа , влеваат , влевав , влевај , влевајќи, влевајте , влевал , влеван .

Изведени зборови:

  • влевање, глаг. им. ср.
  • се ~ влева, Течејќи навлезе во друга протечна или непротечна вода. Тука Дрим се влева во езерото. Отпадните води од неколку фабрики се влеваат во Брегалница и ја загадуваат.

Оригинални податоци:

влева, влеваат; влевај, влевајте; влевав, влеваа; влевал; влеван; влевајќи несв. 1. Сипува, тура течност во нешто. 2. (прен.) Внесува, исполнува со некакво чувство, прави некој да биде обземен со некое чувство, мисла. Полицијата влеваше страв кај луѓето. Со своето однесување тој влева почит. ● се ~ Течејќи навлезе во друга протечна или непротечна вода. Тука Дрим се влева во езерото. Отпадните води од неколку фабрики се влеваат во Брегалница и ја загадуваат. ǁ глаг. им. влевање ср.