влезе
Значење на влезе:
1. Со движење стапи, стигне во внатрешноста на определен затворен, ограничен простор. Марко влезе во собата на директорот. Во тој момент змијата влегуваше во дупката. Возот со пиштење влезе во станицата.
2. Стапи, се вклучи во некаква средина. Влезе во организацијата на занаетчиите. Влезе во партија. Влезе во редакцијата на списанието. Влезе во управниот одбор.
3. Заземе определено место, општествена позиција и сл. Влезе во историјата. Тој настан влегол во преданијата.
4. а) Смести нешто на или во определен простор. Креветот едвај влезе во сопчето. б) Се вклучи како дел во составот на нешто. Овој расказ не влезе во книгата.
5. Започне одредено животно доба, определена година од животот. Влезе во пубертет. Влезе во шеснаесеттата година од животот.
6. Заземе, освои населено место, објект, територија. Партизаните влегоа во селото.
7. Во спортот ‒ заземе определен пласман, место во некое рангирање. Нашата екипа влезе во финалето.
8. Во повеќе изрази со значење почне некое дејство: Влезе на работа. Влезе во мода. Влезе во борба. Влезе во употреба.
9. Со кратка зам. форма ми, ти, му..., навлезе нешто некому. Му влезе спица под ноктот.
Коњугација: влегле , влегоа , влегов , влегол , влезат , влезете , влези , (ќе) влезеа , (ќе) влезев , (ќе) влезел.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му влезе студ во коските ‒ измрзне. Му влезе страв во коските ‒ многу се исплаши. Влезе зло во некого ‒ се излоши. Влезе ѓаволот во некого ‒ стане лош. Му влезе во главата/умот ‒ намисли. Влези – излези ‒ постојано влегува и излегува. Му влезе некому под кожа ‒ направи некој да го засака некого, стане многу близок со некого и почне тој однос да го искористува, да го злоупотребува. Од едно уво влегло од/низ друго излегло ‒ не обрнува внимание на кажаното, не сака да послуша. Му влегле бубачки/бумбари во главата ‒ се однесува чудно, невообичаено.
Оригинални податоци:
влезе, влезат; влези, влезете; влегов, влегоа; влегол; влегле; (ќе) влезев, (ќе) влезеа; (ќе) влезел св. 1. Со движење стапи, стигне во внатрешноста на определен затворен, ограничен простор. Марко влезе во собата на директорот. Во тој момент змијата влегуваше во дупката. Возот со пиштење влезе во станицата. 2. Стапи, се вклучи во некаква средина. Влезе во организацијата на занаетчиите. Влезе во партија. Влезе во редакцијата на списанието. Влезе во управниот одбор. 3. Заземе определено место, општествена позиција и сл. Влезе во историјата. Тој настан влегол во преданијата. 4. а) Смести нешто на или во определен простор. Креветот едвај влезе во сопчето. б) Се вклучи како дел во составот на нешто. Овој расказ не влезе во книгата. 5. Започне одредено животно доба, определена година од животот. Влезе во пубертет. Влезе во шеснаесеттата година од животот. 6. Заземе, освои населено место, објект, територија. Партизаните влегоа во селото. 7. Во спортот ‒ заземе определен пласман, место во некое рангирање. Нашата екипа влезе во финалето. 8. Во повеќе изрази со значење почне некое дејство: Влезе на работа. Влезе во мода. Влезе во борба. Влезе во употреба. 9. Со кратка зам. форма ми, ти, му..., навлезе нешто некому. Му влезе спица под ноктот. ◊ Му влезе студ во коските ‒ измрзне. Му влезе страв во коските ‒ многу се исплаши. Влезе зло во некого ‒ се излоши. Влезе ѓаволот во некого ‒ стане лош. Му влезе во главата/умот ‒ намисли. Влези – излези ‒ постојано влегува и излегува. Му влезе некому под кожа ‒ направи некој да го засака некого, стане многу близок со некого и почне тој однос да го искористува, да го злоупотребува. Од едно уво влегло од/низ друго излегло ‒ не обрнува внимание на кажаното, не сака да послуша. Му влегле бубачки/бумбари во главата ‒ се однесува чудно, невообичаено.