вмеша

Глагол, свршен

Значење на вмеша:

1. Натера некого да се вклучи во нешто, во некое дејство, чин, настан. Претседателот беше вмешал поголем број влијателни граѓани во својата предизборна игра.

2. Вплетка, спомне некого или нешто. Тој ги вмеша соседите во своите валкани игри.

Коњугација: вмешаат.

Изведени зборови:

  • вмешување, глаг. им. ср.
  • се ~ вмеша, Се вклучи, се вплетка во нешто. Во кавгата се вмешаа и некои подалечни роднини.
  • (се) вмешува, глаг. несв. (се) вмешуваат

Оригинални податоци:

вмеша, вмешаат св. 1. Натера некого да се вклучи во нешто, во некое дејство, чин, настан. Претседателот беше вмешал поголем број влијателни граѓани во својата предизборна игра. 2. Вплетка, спомне некого или нешто. Тој ги вмеша соседите во своите валкани игри. ●се ~ Се вклучи, се вплетка во нешто. Во кавгата се вмешаа и некои подалечни роднини. ǁ (се) вмешува, (се) вмешуваат несв. ǁ глаг. им. вмешување ср.