внесе

Глагол, свршен

Значење на внесе:

1. Носејќи смести, донесе нешто некаде, во внатрешноста на нешто. Бригадирите го внесоа алатот во магацинот. Двајца војници го внесоа тешко ранетиот во полската болница.

2. а) Донесе отстрана, од друга земја, од надворешна средина и сл. Внесе пари. Внесе капитал. Внесе болест. б) Увезе, по трговски пат внесе стока. Некои трговски претпријатија внесуваат кај нас и разни непотребни стоки.

3. (прен.) Предизвика некаква состојба кај некого. Вестите внесоа раздвиженост во духовите и живост во разговорите. Тој внесе немир во мојата душа.

4. Воведе некого, со придружување. Невестата ја внесоа во одајата.

5. (прен.) Воведе нови содржини, нови елементи, нова карактеристика. Новата мода ја внесуваат кај нас прво жените.

6. Вложи пари, драгоцености (во банка и сл.). Целата плата од овој месец ја внесов во штедната книшка.

7. Запише, вметне текст, ознака и сл. Тој внесе неколку исправки во својот напис.

Коњугација: внел и внесол , внесат , внесен, внесете , внеси , внесле , внесоа , внесов , (ќе) внесеа , (ќе) внесев , (ќе) внесел .

Изведени зборови:

  • внесување, глаг. им. ср.
  • се ~ внесе, 1. Се вдлабочи, вникне во нешто, се занесе. Тој се внесе во приказната. Се внесе во работата. 2. Се приближи премногу до некого. Тој му се внесе в лице на ректорот викајќи.
  • (се) внесува, глаг. несв. (се) внесуваат

Оригинални податоци:

внесе, внесат; внеси, внесете; внесов, внесоа; внел и внесол, внесле; (ќе) внесев, (ќе) внесеа; (ќе) внесел; внесен св. 1. Носејќи смести, донесе нешто некаде, во внатрешноста на нешто. Бригадирите го внесоа алатот во магацинот. Двајца војници го внесоа тешко ранетиот во полската болница. 2. а) Донесе отстрана, од друга земја, од надворешна средина и сл. Внесе пари. Внесе капитал. Внесе болест. б) Увезе, по трговски пат внесе стока. Некои трговски претпријатија внесуваат кај нас и разни непотребни стоки. 3. (прен.) Предизвика некаква состојба кај некого. Вестите внесоа раздвиженост во духовите и живост во разговорите. Тој внесе немир во мојата душа. 4. Воведе некого, со придружување. Невестата ја внесоа во одајата. 5. (прен.) Воведе нови содржини, нови елементи, нова карактеристика. Новата мода ја внесуваат кај нас прво жените. 6. Вложи пари, драгоцености (во банка и сл.). Целата плата од овој месец ја внесов во штедната книшка. 7. Запише, вметне текст, ознака и сл. Тој внесе неколку исправки во својот напис. ● се ~ 1. Се вдлабочи, вникне во нешто, се занесе. Тој се внесе во приказната. Се внесе во работата. 2. Се приближи премногу до некого. Тој му се внесе в лице на ректорот викајќи. ǁ (се) внесува, (се) внесуваат несв. ǁ глаг. им. внесување ср.