внимателен
Значење на внимателен:
1. Што внимава, што се однесува со внимание. Внимателен слушател. Внимателен соговорник. Внимателната анализа тоа го покажува.
2. Учтив, љубезен. Тој е многу внимателен кон постарите.
Членувана форма: внимателниот.
Изведени зборови:
- внимателно, прил. Внимателно следи што се случува. Внимателно погледна во соговорникот.
- внимателност, и. ж.
Оригинални податоци:
внимателен, внимателниот прид. 1. Што внимава, што се однесува со внимание. Внимателен слушател. Внимателен соговорник. Внимателната анализа тоа го покажува. 2. Учтив, љубезен. Тој е многу внимателен кон постарите. ǁ внимателно прил. Внимателно следи што се случува. Внимателно погледна во соговорникот. ǁ внимателност ж.