во
Значење на во:
1. Просторно значење. а) Означува дека нешто се наоѓа внатре, во некоја средина или се случува внатре, во рамките, во границите на нешто. Рацете ги држеше во џебовите. Децата трчаа во трлото. Пишуваше во тетратката. Седи во фотелјата и пие чај. Ловеа риби во реката. Живее во Долна Долина. б) Упатеност, насоченост, правец. Лете доаѓа во родното место. Искачија во коријата кај црквичето. Мајсторот влезе во магацинот. Тргна во град.
2. Временско значење. Во мај. Во ноќна доба. Селаните одмораа во квечерините. Во саботата навечер беше свадбата. Мечтаеше длабоко во ноќта. Во младоста беше немирен дух.
3. Начинско значење. Зборуваа во четири очи. Трчаа во групи. Жените свикаа во еден глас. Војникот застана во став „мирно“. Групата се подели во двојки.
4. Посочување на особено карактеристичен дел од телото. Дебел е во вратот. Груб во лицето. Црвен во ушите. Тој беше ситен човек, но силен во рацете.
5. Премин од една состојба во друга; претворање. Селото прерасна во гратче. Сиот се претвори во уво.
6. Определба. Нив ги вбројувам во моите најлути непријатели. Нашиот спортист спаѓа во десетте најдобри во Европа.
7. Состојба. Тој е во години. Долго беше во недоумица што да прави. Шеќер во прав. Лек во (вид на) капсули. Рибино масло во зрнца.
8. Количество на единици со кои нешто се мери или се избројува. Комедија во три чина. Научен собир во четири сесии.
9. Облека, наметка, обвивка со што некој е облечен или нешто е завиткано. Се облече во новиот фустан. Главата речиси целата му беше напикана во рунтава шубара. Купи бонбончиња во шарена обвивка. Подарокот го завитка во украсна хартија. Употреба. в Пред именките кога не се членувани, ако не почнуваат со в, ф и ако не се истакнува нешто со именката. Таа имаше момче в град. Ја држеше в раце. Му кажа в лице.
10. Во уметничката и во народната поезија, и кога именката е членувана. Се вслуша в тишината. Високо в небото кликта орел.
11. Со називите на деновите во неделата: в петок ‒ идниот петок. В понеделник ќе одам. В среда ќе се одржи состанокот. В петок полагам. во Кога именката е членувана. Секогаш беше светнат во чевлите. Во лицето се гледаше целиот негов живот. Во шкафот под клуч го чуваше слаткото.
12. Кога именките не се членувани. а) кога почнуваат со в, ф. Во вода влегува кога нема никој на плажата. Одејќи замислена шлапна во вир. Лебот го печеа во фурни што им беа во дворовите. б) Кога се истакнува она што го означува именката. Во куќа сум живеела, а во зграда не. Во лице му кажа што мисли, а не зад грб. Во море сум се капела, но во река ‒ не.
13. Со називите на деновите од неделата. а) во вторник ‒ секој вторник. Во сабота планинарам. Во недела ни доаѓаше на гости. б) во вторникот ‒ минатиот вторник. Во четвртокот се вратив. Во петокот била свршувачката. Во средата го положив последниот испит.
14. Пред заменките. Имам верба во тебе. Се вљуби во неа веднаш. Восхитено гледаше во него.
15. Ако именката има определба претставена преку придавка, број, прилог. Во широките дворови. Во две села. Во повеќе случаи. Во сечија полза ќе биде ако така направиме.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се најде во небрано ‒ непријатна ситуација. Главата в торба ‒ ризикува за некого или за нешто. Во глувчова дупка ‒ во тајно, скришно место. Му влезе во играта ‒ му ги откри намерите.
Оригинални податоци:
во предл. 1. Просторно значење. а) Означува дека нешто се наоѓа внатре, во некоја средина или се случува внатре, во рамките, во границите на нешто. Рацете ги држеше во џебовите. Децата трчаа во трлото. Пишуваше во тетратката. Седи во фотелјата и пие чај. Ловеа риби во реката. Живее во Долна Долина. б) Упатеност, насоченост, правец. Лете доаѓа во родното место. Искачија во коријата кај црквичето. Мајсторот влезе во магацинот. Тргна во град. 2. Временско значење. Во мај. Во ноќна доба. Селаните одмораа во квечерините. Во саботата навечер беше свадбата. Мечтаеше длабоко во ноќта. Во младоста беше немирен дух. 3. Начинско значење. Зборуваа во четири очи. Трчаа во групи. Жените свикаа во еден глас. Војникот застана во став „мирно“. Групата се подели во двојки. 4. Посочување на особено карактеристичен дел од телото. Дебел е во вратот. Груб во лицето. Црвен во ушите. Тој беше ситен човек, но силен во рацете. 5. Премин од една состојба во друга; претворање. Селото прерасна во гратче. Сиот се претвори во уво. 6. Определба. Нив ги вбројувам во моите најлути непријатели. Нашиот спортист спаѓа во десетте најдобри во Европа. 7. Состојба. Тој е во години. Долго беше во недоумица што да прави. Шеќер во прав. Лек во (вид на) капсули. Рибино масло во зрнца. 8. Количество на единици со кои нешто се мери или се избројува. Комедија во три чина. Научен собир во четири сесии. 9. Облека, наметка, обвивка со што некој е облечен или нешто е завиткано. Се облече во новиот фустан. Главата речиси целата му беше напикана во рунтава шубара. Купи бонбончиња во шарена обвивка. Подарокот го завитка во украсна хартија. Употреба. в 1. Пред именките кога не се членувани, ако не почнуваат со в, ф и ако не се истакнува нешто со именката. Таа имаше момче в град. Ја држеше в раце. Му кажа в лице. 2. Во уметничката и во народната поезија, и кога именката е членувана. Се вслуша в тишината. Високо в небото кликта орел. 3. Со називите на деновите во неделата: в петок ‒ идниот петок. В понеделник ќе одам. В среда ќе се одржи состанокот. В петок полагам. во 1. Кога именката е членувана. Секогаш беше светнат во чевлите. Во лицето се гледаше целиот негов живот. Во шкафот под клуч го чуваше слаткото. 2. Кога именките не се членувани. а) кога почнуваат со в, ф. Во вода влегува кога нема никој на плажата. Одејќи замислена шлапна во вир. Лебот го печеа во фурни што им беа во дворовите. б) Кога се истакнува она што го означува именката. Во куќа сум живеела, а во зграда не. Во лице му кажа што мисли, а не зад грб. Во море сум се капела, но во река ‒ не. 3. Со називите на деновите од неделата. а) во вторник ‒ секој вторник. Во сабота планинарам. Во недела ни доаѓаше на гости. б) во вторникот ‒ минатиот вторник. Во четвртокот се вратив. Во петокот била свршувачката. Во средата го положив последниот испит. 4. Пред заменките. Имам верба во тебе. Се вљуби во неа веднаш. Восхитено гледаше во него. 5. Ако именката има определба претставена преку придавка, број, прилог. Во широките дворови. Во две села. Во повеќе случаи. Во сечија полза ќе биде ако така направиме. ◊ Се најде во небрано ‒ непријатна ситуација. Главата в торба ‒ ризикува за некого или за нешто. Во глувчова дупка ‒ во тајно, скришно место. Му влезе во играта ‒ му ги откри намерите.