вода

Именка, женски род

Значење на вода:

1. Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород. Се напи вода од стомнето. Се измија во студена изворска вода.

2. Раствор, течност слична на вода: Колонска вода. Минерална вода. Сулфурна вода. Лековита вода.

3. (прен.) Место од каде што излегува, тече вода: извор, чешма, бунар. Се враќав од вода. Ја зеде стомната да оди на вода. Облекла нов фустан за на вода.

4. Воден тек или поголема водна површина: поток, река, езеро, море, океан. Се брануваат сините езерски води. Жуборат бистрите води на планинските потоци. Никаква вода не тече низ нашиот град.

5. (само мн.) Водно пространство, дел од море, океан, голема река или езеро што ѝ припаѓа на определена држава. Рибарските бротчиња често ги нарушуваат грчките територијални води.

6. Сок што се добива со цедење или при варење на овошје, зеленчук и сл. Оризовата вода е многу хранлива. Кисела вода истекуваше од грозјето.

7. Количество вода во кое нешто се вари, се пере и сл. Слатко од смокви се вари во повеќе води. Првата вода од гравот се фрла.

8. Воденикава течност што ја лачи организмот: плунка, солзи, пот и сл.

9. (прен.) Нешто ново, друго, животна ситуација, професија и сл. Заплови во брачните води по вторпат. Дали може да се пее без да се навлезе во комерцијалните води?

Множина: воѓе, води, водје.

Изведени зборови:

  • водица, и. ж. мн. водици ; водичка, мн. водички дем.
  • водиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Слатка вода ‒ природна вода што не е солена. (Е) жива вода ‒ се испоти, се наводени сиот. Ја врти водата на (својата) воденица ‒ прави, овозможува работите да се одвиваат во (своја) корист. (Го) гледа како капка вода ‒ чува некого или нешто како нешто највредно, најскапоцено. Лук и вода ‒ нешто безначјно, безвредно; ништо. Ми (ти, му...) ја мати водата ‒ создава непријатности, прави сплетки некому. Крвта вода не станува ‒ не може да се заборави, да се биде рамнодушен кон некој близок роднина.

Оригинални податоци:

вода, мн. води, зб. мн. воѓе/водје ж. 1. Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород. Се напи вода од стомнето. Се измија во студена изворска вода. 2. Раствор, течност слична на вода: Колонска вода. Минерална вода. Сулфурна вода. Лековита вода. 3. (прен.) Место од каде што излегува, тече вода: извор, чешма, бунар. Се враќав од вода. Ја зеде стомната да оди на вода. Облекла нов фустан за на вода. 4. Воден тек или поголема водна површина: поток, река, езеро, море, океан. Се брануваат сините езерски води. Жуборат бистрите води на планинските потоци. Никаква вода не тече низ нашиот град. 5. (само мн.) Водно пространство, дел од море, океан, голема река или езеро што ѝ припаѓа на определена држава. Рибарските бротчиња често ги нарушуваат грчките територијални води. 6. Сок што се добива со цедење или при варење на овошје, зеленчук и сл. Оризовата вода е многу хранлива. Кисела вода истекуваше од грозјето. 7. Количество вода во кое нешто се вари, се пере и сл. Слатко од смокви се вари во повеќе води. Првата вода од гравот се фрла. 8. Воденикава течност што ја лачи организмот: плунка, солзи, пот и сл. 9. (прен.) Нешто ново, друго, животна ситуација, професија и сл. Заплови во брачните води по вторпат. Дали може да се пее без да се навлезе во комерцијалните води? ◊ Слатка вода ‒ природна вода што не е солена. (Е) жива вода ‒ се испоти, се наводени сиот. Ја врти водата на (својата) воденица ‒ прави, овозможува работите да се одвиваат во (своја) корист. (Го) гледа како капка вода ‒ чува некого или нешто како нешто највредно, најскапоцено. Лук и вода ‒ нешто безначјно, безвредно; ништо. Ми (ти, му...) ја мати водата ‒ создава непријатности, прави сплетки некому. Крвта вода не станува ‒ не може да се заборави, да се биде рамнодушен кон некој близок роднина. ǁ водица, мн. водици ж.; водичка, мн. водички ж. дем. ǁ водиште, мн. водишта ср. аугм.