водач

Именка, машки род

Значење на водач:

1. Лице што придружува, што покажува пат по кој треба да се оди; води_1_2 Водачот добро го познаваше патот. Тргнавме кон градот без водач.

2. Лице што е на чело на нешто, предводник, раководител, командант; води

3. Водач на делегација. Водач на банда. Народен водач. Духовен водач. Востанички водачи.

4. (прен.) Тоа (книга, прирачник и сл.) што објаснува, насочува, воведува во определена проблематика; водич 2. Книгата е солиден водач за помалку упатените во компјутерската техника.

Множина: водачи.

Оригинални податоци:

водач, мн. водачи м. 1. Лице што придружува, што покажува пат по кој треба да се оди; сп. води 1 и 2. Водачот добро го познаваше патот. Тргнавме кон градот без водач. 2. Лице што е на чело на нешто, предводник, раководител, командант; сп. води 3. Водач на делегација. Водач на банда. Народен водач. Духовен водач. Востанички водачи. 3. (прен.) Тоа (книга, прирачник и сл.) што објаснува, насочува, воведува во определена проблематика; сп. водич 2. Книгата е солиден водач за помалку упатените во компјутерската техника.