воден 1
Значење на воден:
1. Што е придружуван, насочуван од некого во движењето; води_2. Се шетаа подгрбавени старици, водени од внучињата. Поминаа изврзани мажи водени од по тројца сејмени.
2. Што е предводен од некого; води_3. Воден од КПЈ нашиот народ се бореше во НОБ. Ќе умреме за татковината водени од твојата рака.
3. Што е раководен, поттикнат од нешто; се води_2. Не ги напишал тие зборови воден од очекуваната скромност.
4. Што е определен од нешто; води_8. Ги слушаше неговите вешто водени уверувања.
Членувана форма: водениот.
Оригинални податоци:
воден1, водениот прид. 1. Што е придружуван, насочуван од некого во движењето; сп. води 2. Се шетаа подгрбавени старици, водени од внучињата. Поминаа изврзани мажи водени од по тројца сејмени. 2. Што е предводен од некого; сп. води 3. Воден од КПЈ нашиот народ се бореше во НОБ. Ќе умреме за татковината водени од твојата рака. 3. Што е раководен, поттикнат од нешто; сп. се води 2. Не ги напишал тие зборови воден од очекуваната скромност. 4. Што е определен од нешто; сп. води 8. Ги слушаше неговите вешто водени уверувања.