воденица

Именка, женски род

Значење на воденица:

Објект покрај река во кој се меле пче–ница и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата; мелница. Бегаше од шумот на воденицата. По реката има неколку воденици.

Множина: воденици.

Изведени зборови:

  • воденичка, и. ж. дем.
  • воденички, прид. воденичкиот Воденички камен.

Фразеолошки израз / поговорка:

Меле како празна воденица ‒ зборува постојано, без прекин, за сè и сешто. Празна воденица ‒ лице што зборува многу или зборува глупости; дрдорко. Ја врти водата на (својата) воденица ‒ сп. вода.

Оригинални податоци:

воденица, мн. воденици ж. Објект покрај река во кој се меле пче–ница и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата; мелница. Бегаше од шумот на воденицата. По реката има неколку воденици. ◊ Меле како празна воденица ‒ зборува постојано, без прекин, за сè и сешто. Празна воденица ‒ лице што зборува многу или зборува глупости; дрдорко. Ја врти водата на (својата) воденица ‒ сп. вода. ǁ воденичка, мн. воденички ж. дем. ǁ воденички, воденичкиот прид. Воденички камен.