води

Глагол, несвршен

Значење на води:

1. а) Придружува некого при одење; покажува пат некому (човек, животно). Го водеше детето за рака. Гостин ти водам. Ги води коњите на пасење. б) Тера, спроведува некого под принуда. Го водат в затвор.

2. Насочува некого (во работата, во животот и сл.). Ти одеше спокојно зашто друг те водеше. Нему му требаше искусна рака што ќе го води. Неговата жена го водеше низ животот строго и мајчински.

3. Предводува, е на чело. Тој може да води и востание. Бандата ја водел некој јаничар. Тој ќе ја води делегацијата во странство. Сестра ти го води орото.

4. Се протега во определен правец, до некое место. Го позна сокакот што водеше за дома. Улицата води кон градот. Крвавата трага ги водеше ловците кон честарот.

5. Управува, раководи со нешто. Седницата ја водеше заменикот на претседателот. Изборната кампања ја водат искусни лица.

6. Се грижи за нешто. Мојата жена ја води нашата куќа. Еден слуга го водеше домаќинството на чорбаџијата. Го водеше хотелот неколку години.

7. Се занимава со нешто, врши некаква дејност. Тој води своја евиденција. Тие не знаат да водат политика. Успешно го води курсот по англиски јазик. Натпреварот ќе го води искусен судија. Таа води детска емисија.

8. Развива, дава определен правец на нешто. Авторот многу вешто го води раскажувањето.

9. Се наоѓа на прво место, на чело. На табелата води „Вардар“. Во производството на вино кај нас води „Тиквеш“.

10. Во посебни изрази во кои глаголот го добива значењето на соодветната именка. Води спокоен живот. Води љубов. Води разговор. Води грижа. Води потекло. Води војна. 1(прен.) Придонесува, доведува до нешто. Твојот став води кон разбивање на одредот. Патот кон целта води низ вооружена борба. Тоа води кон пропаст.

Коњугација: водат.

Изведени зборови:

  • водење, глаг. им. ср.
  • се ~ води, 1. (само мн.) Оди заедно со некого, држејќи се еден за друг. Се водат за рака како младенци. Се водеа по тесното патче. 2. Се раководи, се држи до нешто. Не се водел по старите обичаи. Тој се водеше од примерот на најуспешните во реформата. 3. За крава или биволица ‒ се оплодува, се пари. Кравата се водеше неколку пати, но ниеднаш не остана стелна.

Фразеолошки израз / поговорка:

Води сметка ‒ внимава, се грижи за нешто. Ни се води, ни се тера ‒ не сфаќа, не разбира ни со добро, ни со лошо.

Оригинални податоци:

води, водат несв. 1. а) Придружува некого при одење; покажува пат некому (човек, животно). Го водеше детето за рака. Гостин ти водам. Ги води коњите на пасење. б) Тера, спроведува некого под принуда. Го водат в затвор. 2. Насочува некого (во работата, во животот и сл.). Ти одеше спокојно зашто друг те водеше. Нему му требаше искусна рака што ќе го води. Неговата жена го водеше низ животот строго и мајчински. 3. Предводува, е на чело. Тој може да води и востание. Бандата ја водел некој јаничар. Тој ќе ја води делегацијата во странство. Сестра ти го води орото. 4. Се протега во определен правец, до некое место. Го позна сокакот што водеше за дома. Улицата води кон градот. Крвавата трага ги водеше ловците кон честарот. 5. Управува, раководи со нешто. Седницата ја водеше заменикот на претседателот. Изборната кампања ја водат искусни лица. 6. Се грижи за нешто. Мојата жена ја води нашата куќа. Еден слуга го водеше домаќинството на чорбаџијата. Го водеше хотелот неколку години. 7. Се занимава со нешто, врши некаква дејност. Тој води своја евиденција. Тие не знаат да водат политика. Успешно го води курсот по англиски јазик. Натпреварот ќе го води искусен судија. Таа води детска емисија. 8. Развива, дава определен правец на нешто. Авторот многу вешто го води раскажувањето. 9. Се наоѓа на прво место, на чело. На табелата води „Вардар“. Во производството на вино кај нас води „Тиквеш“. 10. Во посебни изрази во кои глаголот го добива значењето на соодветната именка. Води спокоен живот. Води љубов. Води разговор. Води грижа. Води потекло. Води војна. 11. (прен.) Придонесува, доведува до нешто. Твојот став води кон разбивање на одредот. Патот кон целта води низ вооружена борба. Тоа води кон пропаст. ● се ~ 1. (само мн.) Оди заедно со некого, држејќи се еден за друг. Се водат за рака како младенци. Се водеа по тесното патче. 2. Се раководи, се држи до нешто. Не се водел по старите обичаи. Тој се водеше од примерот на најуспешните во реформата. 3. За крава или биволица ‒ се оплодува, се пари. Кравата се водеше неколку пати, но ниеднаш не остана стелна. ◊ Води сметка ‒ внимава, се грижи за нешто. Ни се води, ни се тера ‒ не сфаќа, не разбира ни со добро, ни со лошо. ǁ глаг. им. водење ср.